fbpx

КОРИСТЕЊЕ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Ние прибираме информации за Вас кога се регистрирате на нашата веб страна, кога правите нарачка/купувате. Кога нарачувате или се регистрирате на нашиот веб сајт, можно е да побараме од Вас, да ги внесете следните информации: име и презиме, е-маил адреса, адреса, телефонски број како и број на платежна картичка, датум на истекување, име и презиме од страна на Casys (http://casys.com.mk). Вие можете, исто така, да го посетувате нашиот веб сајт анонимно.

Extreme.mk има пристап до основните податоци како име и презиме, телефон, адреса, е-маил, но нема пристап до вашите осетливи податоци, како платежна картичка и/или број на банкарска сметка. Вашата интернет трансакција ќе биде процесуирана преку порталот за наплата од кредитни картички на Casys (http://casys.com.mk).

Исто така, нашите сервери може автоматски да прибираат информации за Вашиот компјутер кога го посетувате веб-сајтот, вклучително, но не ограничувајќи се на видот на прелистувач кој го користите, оперативниот систем, веб-сајтот од кој сте дошле, и Вашата интернет протокол (“IP”) адреса. Вашата IP адреса обично има врска со местото од кое се поврзувате на интернет, како на пр. Вашиот интернет провајдер, Вашата компанија или универзитет.